Линкови за пристапност

Германија предупреди дека 58 милиони лица би можеле да се заразат со коронавирус


Во Британија, пак, министерката за здравство Надин Дорис беше дијагностицирана со вирусот, каде што вкупниот број на слуачи достигна до 450

Кризата со коронавирусот во Европа се продлабочи уште повеќе, откако Германија предупреди дека 70 отсто од населението во државата, кое брои 58 милиони луѓе, евентуално би можело да биде заразено.

Во меѓувреме, пак, во Британија, министерката за здравство Надин Дорис беше дијагностицирана со вирусот, каде што вкупниот број на слуачи достигна до 450.

Дорис имала контакт со стотици законодавци во Вестминистер минатата недела, а присуствувала и на прием со премиерот Борис Џонсон

Италија останува најпогодена европска држава. Епидемијата почна во северниот дел на земјата пред помалку од три недели. Оттогаш, десетици илјади луѓе се заразени, а неколку стотици починаа, што ја алармираше Владата да ја стави во карантин целата држава.

Лекарите и медицинските сестри во северниот дел на државата, велат дека болниците се пренатрупани, обидувајќи се да им помогнат и на пациентите кои имаат други здравствени проблеми.

Економските последици врз Италија се очекува да бидат катастрофални, ако се земе предвид дека бизнисите се затворени, нема туристи, а граѓаните не излегуваат од дома.

Од Венеција до Милано на север, до Наполи и Палермо на југ, улиците се празни и тивки. Понекогаш, оваа тишина навечер ја прекинува полицијата, кога преку гласни звучници ги известува граѓаните за предупредување од здравствените лица, како и за совети како да се спречи ширењето на вирусот.

Здравствените официјални лица целат дека европските и северноамериканските држави можеби се наоѓаат неколку дена или недели зад Италија, очекувајќи епидемијата и тука да се развие на сличен начин.

Засега, Британија е попретпазлива со воведување забрани за движење, во споредба со другите држави во Европа.

Во меѓувреме, Банката на Англија најави итно кратење на каматната стапка, часови пред да биде објавен годишниот државен Буџет.

Во Шпанија, Грција и во Чешка, универзитетите и школите се затворени на најмалку две недели

Случаи на КОВИД -19 има во секоја покраина на Германија, а канцеларката Ангела Меркел излезе со строго предупредување до граѓаните.

„Треба да знаете дека ако вирусот е раширен, а граѓните се` уште немаат имунитет да се справат со него, и засега нема терапии и вакцини, шансите се големи дека 60 до 70 отсто од граѓаните ќе бидат зарзени ако продолжи ваквата ситуација“, рече Меркел на прес конференција во Берлин.

Коронавирусот, кој се појави во Кина, сега е раширен во цел свет, а две клучни прашања кои остануваат неодговорени се колку луѓе ќе починат од вирусот и какви економски последици ќе предизвика.

Експертите велат дека ќе бидат потребни неколку месеци, дури и години, пред да се знаат вкупните глобални последици од оваа епидемија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG