Линкови за пристапност

Центрите за превенција на болести на САД го спуштија нивото на безбедност за патување


Меѓу земјите рекласификувани како ниво 3 се Канада, Франција, Германија и Јапонија

Центрите за контрола и превенција на болести на САД издадоа ажурирано советодавно упатство за патување во повеќе од 120 земји и територии засновани на статусот на нивното справување со пандемијата.

Од таму велат дека со своето ново известување за патување се прави разлика помеѓу земјите со „тешка ситуација на епидемија“ и оние чија епидемија е „одржлива, но контролирана“.

Според ревидираните упатства издадени во понеделникот, 61 земја и територија беа спуштени од ниво 4, што означува „многу висок“ ризик од заразување со ковид-19, на ниво 3, што означува само „висок“ ризик од заразување со болеста.

Меѓу земјите со ниво 3 се Канада, Франција, Германија и Јапонија, која пак е домаќин на Олимписките игри во Токио следниот месец и покрај напливот на нови инфекции со ковид-19, што предизвика зголемено противење на јавноста за одржување на настанот.

Новоревидираните упатства го поттикнаа американскиот Стејт департмент во вторникот да издаде ревидирани насоки, преместувајќи 58 земји и територии, вклучително и Јапонија, како и Канада, Франција и Грција, од ниво 4 на ниво 3, што е назначено како „Преиспитај го патувањето “.

Но, од Стејт Департментот велат дека нивните насоки за патувањата не се во согласност со Центрите за превенција, бидејќи тие имаат дополнителни други фактори, вклучително криминалот и тероризмот, во донесувањето на своите одлуки.

Јапонија им забрани на странските посетители да присуствуваат на Олимписките игри, кои треба да започнат на 23-ти јули.

Во Австралија, двонеделната блокада на нејзиниот втор по големина град Мелбурн ќе заврши во четврток.

Д-р Ентони Фаучи, шеф на Националниот институт за заразни болести, за новата варијанта Делта изјави дека забрзано станува „доминантна варијанта“ во Велика Британија и достигнува врв меѓу оние на возраст меѓу 12 и 20 години.

Фаучи ги потенцира неодамнешните студии кои покажуваат дека и двете дози на вакцините Фајзер и Астра Зенека се многу ефикасни во спречување на симптоматско заболување предизвикано од варијантата Делта.

Фаучи вели дека варијантата сочинува само шест отсто од сите нови инфекции во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG