Јужната австралиска држава Викторија повторно се затвора на една недела бидејќи се справува со нова и растечка епидемија на случаи со ковид 19.
Заклучувањето е наредено откако здравствените власти објавија 12 нови потврдени случаи во Мелбурн, со што вкупниот број на инфекции во главниот град на државата се искачи на 26.
Два европски фармацевтски гиганти, францускиот Санофи и британскиот Глаксо Смит Клајн, објавија дека започнуваат клиничко испитување во доцна фаза на нивната експериментална, рекомбинантна вакцина за ковид, откако објавија позитивни резултати од испитување од помал обем.
Во проширеното тестирање ќе учествуваат над 35 илјади возрасни лица од Азија, Африка, Латинска Америка и САД.
Производителите на лекови ќе ја тестираат ефикасноста на новата вакцина преку двостепен пристап, првиот на оригиналната верзија на коронавирусот, додека втората фаза ќе биде насочена кон варијантата Б.1.351, која за прв пат беше откриена во Јужна Африка.
Facebook Forum