Линкови за пристапност

Една четвртина од населението во Италија во карантин


Кина денес забалежа најмал број нови слуачи на коронавирус од јануари

Кина денес регистрираше најмал број нови случаи на коронавирус, додека една четвртина од населението во Италија е во карантин.

Кинеските здравствени официјални лица соопштија дека имало само 40 нови случаи на заразени лица од месец јануари, кога Владата воведе рестрикции за патување и собири во многу градови.

Италија, пак, почна со изолација на северниот дел од државата, вклучувајќи и делови во Милано и Венеција, откако вчера бројот на смртни слуачи се искачи на 366.

Патувањето во овие делови и надвор од нив ќе биде строго ограничено до почетокот на следниот месец, како што државата се обидува да намали можни смртни слуачи.

Музеите, театрите и кината, исто така, ќе бидат затворени на национално ниво.

Италија побара и пензионираните лекари да се вратат на работа за да помогнат во лекување на заразените.

Во САД, пак, досега има 21 смртен случај, и повеќе од 500 заразени. Патниците од крузерот во кој повеќе лица беа тестирани позитивни на вирусот се подготвуваат да го напуштат бродот во Калифорнија.

Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека 100 држави засега пријавиле случаи на коронавирус, со повеќе од 106.000 зарзени лица и 3.500 мртви.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG