Линкови за пристапност

Анти-тероризмот и хуманитарните организации


Расправа во Вашингтон дали стратегиите за борба против терористите се пречка за хуманитарните операции.

Да се помогне на оние на кои им е потребна помош во зони на судир се чини како логична реакција, но според студија раководена од ОН и Советот за бегалци од Норвешка, во одредени случаи анти-терористичките активности придонеле за отежнување на хуманитарната работа. Според ова истражување, процесот може да резултира во прекин на финансирањето, укинување на програмите за помош, одложување и ограничување на помошта, како и страв и самоцензура кај самите хуманитарните организации.

Центарот за стратешки и меѓународни студии неодамна организираше трибина за оваа проблематика. Сем Вортингтон е директор на хуманитарната група Интерекшн.

„Предизвикот е како ние, како влада на САД, можеме да ја подобриме националната безбедност, не изложувајќи ги хуманитарните програми на ризик?“, вели тој.

Тој го постави и прашањето дали е можна политика за анти-тероризам, без негативни последици по животот на хуманитарнните работници или на нивните програми.

„Самата идеја дека може да обезбедиме помош за поединци на кои им е најпотребна, без оглед кои се и без оглед на нивните политички интереси, зборува сама по себе. Токму поради оваа иницијатива може да бидеме активни во места како Сирија, Сомалија, Авганистан и други проблематични земји“, додава тој.

Но тоа не е секогаш лесно.

Валери Амос е координаторка за вонредни ситуации и генерална секретарка за хуманитарни прашања при ОН.

Таа е децидна дека главната цел е заштита на луѓето.

„Каков било напад против цивили, вклучувајќи и тероризам, претставува срамно прекршување на човековите права и меѓународното право“, вели таа.

Претставничката на ОН истакна дека два клучни принципа се под закана како резултат на анти-терористичките мерки:

„Еден од нив е нашиот ангажман да им помогнеме на луѓето каде и да се, се` едно кого поддржуваат. Не се раководиме од политички предрасуди. Друг принцип е што помошта чија цел е заштита на животите преку достоинство се обезбдува врз основа на постоечката потреба за помош. Не можам да ви доловам колку сме напаѓани токму поради овој принцип“, изјави Амос.

Експертите додаваат дека да се заврши задачата на хуманитарните групи во Сирија на пример, треба да имате контакти и да преговарате со многумина.

„Некои со врски со Западот, некои со врски со Заливот, некои поврзани со актуелниот режим. Некои со Русите. Сите се лоши, според некого.“

Вилијам Гарвелик е поранешен амбасадор во Демократската Република Конго. Тој предупредува дека бирократијата е таа што често ја кочи толку потребната помош во областите каде има конфликти. Тој повика на забрзување на процесот на одобрување на работата на невладините организации, за да се зачуваат нивната неутралност.
XS
SM
MD
LG