Линкови за пристапност

Три до 10 години затвор за Бил Козби


Адвокатите на Козби тврдea дека поради неговата старост и кревко здравје малку е веројатно дека тој ќе изврши друго кривично дело

Судија од сојузната држава Пенсилванија го класифицираше Бил Козби како „насилен сексуален предатор.“ Ова се случи на вториот ден од изрекувањето на пресудата во случајот за сексуален напад кој се води против него.

Класификацијата значи дека Козби ќе треба секои три месеци да се пријавува кај властите и дека неговото име ќе биде ставено во регистарот за сексуални престапници кој се испраќа до соседите, училиштата и жртвите. Тој до крајот на својот живот исто така ќе добива задолжително советување.

Вчера, на првиот ден од расправата сведочеа експерти за ментално здравје кои тврдеа дека Козби ја заслужува класификацијата поради неговата неконтролирана потреба од сексуално насилство врз жени и веројатноста дека тој повторно ќе го стори кривичното дело, ако му се овозможи шанса.

Адвокатите на Козби тврдea дека поради неговата старост и кревко здравје малку е веројатно дека тој ќе изврши друго кривично дело, посочувајќи на тоа дека најновите наводи датираат од 2005-та година.

Обвинителите бараа до 10 години затворска казна. Неговата одбрана бараше домашен притвор.

Козби порано годинава беше прогласен за виновен по три обвиненија за сторени кривични дела за напад, користење на дрога и сексуално малтретирање на Андреа Констанд кои биле извршени во неговиот дом во Пенсилванија во 2004-та година.

Констанд е само една од 60-те други жени со слични наводи против Козби. Нејзините наводи се единствените по кои досега беше покренато обвинение против Козби.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG