Линкови за пристапност

Транспаренси интернешенал: Корупцијата e во пораст во светот


Повеќе од половина од анкетираните во најголемото истражување на јавно мислење за корупцијата сметаат дека ситуацијата се влошила последните две години.

Дваесет и седум проценти од луѓето рекле дека им платиле поткуп на јавни претставници во последниве 12 месеци, се вели во глобално истражување за корупцијата објавено во вторник.

Истражувањето на Транспаренси интернешенал со седиште во Берлин исто така нашло дека луѓето најмалку им веруваат на институции кои треба да ја штитат или претставуваат јавноста, вклучувајќи ја полицијата и судовите.

Во светот, политичките партии се сметаат за најкорумпирани институции, со анкетирани во 51 држава кои ги ставиле на врвот на листата. Во 36 држави луѓето гледаат на полицијата како на најкорумпирана институција, додека 20 проценти на судството гледаат како на најкорумпирано во државата.

Портпаролот на Транспаренси ја нагласи врската меѓу сиромаштијата и корупцијата, велејќи дека осум од 10 држави со најголема стапка на корумпираност се африкански.

Според истражувањето корупцијата се влошила во поголемиот број арапски држави по нивните револуции во 2011-та, иако лутината заради корупција на официјалните претставници била меѓу поголемите причини за востанијата.

Во Израел, Јапонија, Судан и Јужен Судан, верските тела се сметаат за „високо корумпирани“.

Мнозинството од анкетираните луѓе велат дека владате се понеефикасни во борба против корупцијата од глобалната финансиска криза во 2008-ма. Сепак, две третини од поединците од кои било побарано поткуп велат дека одбиле, што одразува волја за борба против против корупцијата.

Групата вели дека Глобалниот барометар за корупција за 2013-та е најголемо истражување на јавно мислење за корупцијата. Анкетирани се 114.000 луѓе во 107 држави.
XS
SM
MD
LG