Линкови за пристапност

Сомалија на врв на листата на најкорумпирани држави


Сомалија на врв на листата на најкорумпирани држави
Сомалија на врв на листата на најкорумпирани држави

Транспаренси интернешенал вели дека Данска, Нов Зеланд и Сингапур се рангирани како најмалку корумпирани држави во светот.

Сомалија води на листата на најкорумпирани држави во светот, а по неа следат Авганистан, Бурма и Ирак.

Транспаренси интернешенал, со седиште во Берлин, во вторник го откри годишниот индекс за корупциски перцепции, заснован на различни проценки на експерти и бизниси.

Групата кажа дека Данска, Нов Зеланд и Сингапур се рангирани како најмалку корумпирани држави во светот.

Истражувањето опфатило 178 држави, давајќи им оценка на скалата од нула до десет, со нула за најголема корумпираност.

Сомалија заработи 1.1, додека Авганистан и Бурма се следни, со оценка од 1.4.

Транспаренси интернешенал кажа дека три четвртини од земјите добиле оценка под пет. Групата исто така кажа дека дека многу богати нации имаат зголемени перцепции на корупција како резултат на бројни финансиски скандали.

САД завршија на 25 место на најмалку корумпирани држави, со мало опаѓање во однос на минатата година.

Извештајот наведува дека се зголемило нивото на корупција во неколку држави, вклучувајќи ги Грција, Мадагаскар и Нигер.

Државите за кои се вели дека имаат намалено ниво на корупција ги вклучуваат Бутан, Чиле, Еквадор, Македонија, Гамбија, Хаити и Катар.

Македонија е 62-ра држава по ред со 4.1 индекс на корупција, заедно со Хрватска од земјите во регионот, додека Црна Гора е 69-та, Србија е 78-ма, а Косово е на 110-то место.

XS
SM
MD
LG