Линкови за пристапност

Во Јужна Кореја нема место во болниците


Експанзијата на болеста стигна и до неколку нови држави, вклучувајќи ги Јордан, Мароко, Сенегал, Португалија и Саудиска Арабија.

Јужна Кореја извести за повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во среда, додека официјални лица од здравството велат дека повеќе од 2.000 лица во градовите најтешко погодени од болеста чекаат да се отвори место во преполнетите болници.

Јужна Кореја виде најмногу случаи надвор од Кина и планира да потроши околу 10 милијарди долари на медицински ресурси и мерки за спротивставување со економскиот шок од заразата.

Кина известува за натамошно опаѓање на случаи на заразени од вирусот и во среда јави за нови 119 заразени лица, што е големо намалување од извештаите за неколку илјади во еден момент.

Фокусот на ставање под контрола на вирусот се премести на места како Италија и Иран, каде бројот на заразеени постојано се зголемува, но и од каде нивните државјани патувале во други земјји.

Италија извести за големо зголемување на смртни случаи во вторникот, стигнувајќи до 79, што е најмногу после Кина. Индија, која е поврзана со случаи на заболени италијански туристи, во среда кажа дека бројот на заболени скокнал од пет на 28.

Во среда исто така е известено и за првиот смртен случај во Ирак, каде сите случаи до сега регистрирани се поврзани со Иран.

Во светот, коронавирусот заразил повеќе од 93.000 луѓе и убил повеќе од 3.100, со големо мнозинство во двете категории во Кина.

Експанзијата на болеста стигна и до неколку нови држави, вклучувајќи ги Јордан, Мароко, Сенегал, Португалија и Саудиска Арабија.

Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебреџезус, ги поттикна луѓето во светот да престанат да се снабдуваат со маски и друга заштитна опрема, велејќи дека истите се потребни за здравствените работници.

Експертите велат дека хируршки маски не гарантираат заштита од вирусот, но дека тие се многу потребна опрема за медицинските лица.

XS
SM
MD
LG