Линкови за пристапност

Осум сојузни држави во САД ги затворија рестораните за да се спречи ширењето на коронавирусот


И градоначалници на дел од градовите низ САД воведуваат слични мерки

Гувернерите на сојузните држави Калифорнија, Конектикат, Охајо, Илиноис, Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс и на Вашингтон, ги затворија рестораните и ги лимитираа службите за испорака на храна.

И градоначалници на дел градовите низ САД воведуваат слични вакви мерки, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Професорите за безбедност на храната, велат дека е важно луѓето да знаат оти ризикот да се јаде надвор за време на оваа криза не е поврзан со ризикот од самата храна.

Тие нагласуваат дека храната не е утврдена како ризичен фактор за ширење на вирусот.

Центрите за контрола и превенција на болести, велат дека вирусот се шири првенствено од лице на лице преку искашлување.

Оттаму додаваат дека вирусот може да се пренесе и преку допирање на површини и на предмети на кои се наоѓа вирусот.

Националната асоцијација на ресторани објави водич како луѓето да се однесуваат за време на кризата, нагласувајќи дека површините треба да се чистат почисто, и да се користат средства за дезинфекција кои се ефикасни против коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG