Линкови за пристапност

Коронавирусот може да го намали бројот на туристи во Охрид и Струга за 15 проценти


Македонците ги откажуваат патувањата во Италија за 8 Март
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:53 0:00

Се откажуваат и патувањата во Италија, особено за Милано и Венеција

Се` повеќе македонски граѓани ги откажуваат планираните патувања за Италија, поради ширење коронавирусот во северниот дел на државата.

И туристичките агенции го прават истото поради мерки на претпазливост и безбедност на патниците. Оттаму велат дека најголем дел од аранжманите се однесуваат на Милано и на Венеција, и тоа за претстојните осмомартовски празници.

Дел од Македонците требало да патуваат организирано со автобуски или авионски превоз, или пак индивидуално.

„Има голем број организирани групни патувања, кои ги работиме со нашите партнери од Скопје, Битола и во другите градови. Тие аранжмани веќе почнуваат да се откажуваат согласно безбедноста на клиентите. Другиот дел се индивидуалните аранжмани, за кои се букирани авионските билети и хотелско сместување. И тие се доста голем број. Така да ситуацијата треба да се следи будно“, вели Јаким Маленко од туристичка агенција Вис Пој Охрид.

Маленко се надева дека ќе можат да им излезат во пресрет на клиентите и да им ги рефундираат веќе уплатените средства. Но, вели дека сето ова сигурно ќе предизвика загуби во нивното работење.

„Ова ќе предизвика загуби, затоа што голем дел од тие аранжмани ние веќе ги имавме платено и не верувам дека во целост ќе бидат рефундирани, согласно правилата кои ги имаат хотелите и авионските превозници“, рече тој.

Хотелиерите пак бараат засилени мерки во целиот регион околу Охридското Езеро, со оглед на тоа дека веќе на почетокот на мај треба да пристигнат првите поголеми организирани странски групи на туристи со чартер летови.

„Охрид е аеродром кој прима најмногу туристи, кои доаѓаат од странските туристи.Може да кажеме дека дел од тие се прегледани и пред да влезат во авионот, но секако мора и на оваа страна да ги правиме тие проверки“, изјави Крсте Блажески, претседател на Хoтелска асоцијација на Македонија.

Блажески вели дека како резултат на актуелната состојба очекуваат пад на бројот на странски гости за околу 15 проценти.

„Ако дозволиме да се прошири, тоа ќе значи големи загуби за туризмот“, вели тој.

Во моментот на двата аерoдрома во Скопје и во Охрид се спроведуваат контроли на патниците кои доаѓаат од ризичните подрачја, а слични мерки има и на граничните премини.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG