Линкови за пристапност

Иселениците од Дебар во САД испраќаат помош за родниот крај


Иселениците од Дебар во САД испраќаат помош за родниот крај
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Иселениците се мобилизираа со помош во услови на ширење на коронавирусот

Големиот број на иселеници од Дебар во САД, се мобилизираат за помош на своите сограѓани, во време на ширење на корона вирусот. Преку татковинското здружение „Дибра“ со седиште во Њујорк, иселениците донираат финансиски средства за помош на родниот крај.

Помош за Дебар во овие моменти на карантин и изолација од остатокот од државата, пристигнува и од приватни фирми и Црвениот крст


На барање на Јавното комунално претпријатие деновиве е реализирана донација во пластични кеси за собирање на отпад, за околу 3000 домаќинства од градот.

„Обезбедивме и медицински нараквици за сите вработени во ова јавно претпријатие и средства за дезинфекција за чистење на сите улици во Дебар.Значи целта на оваа наша програма е да се зачува чистотата во нашиот град, второ тоа значи максимално да го минимизираме ширењето на овој вирус и трето е здравјето на работниците во ова јавно претпријатие кои се изложени на ризик“, вели Максуд Крлуку, претставник на здружението на иселеници „Дибра“.

Крлуку вели дека дополнително ќе бидат поделени и стотина хуманитарни пакети на социјално најзагрозените граѓани, самохрани родители, луѓе со хронични болести на кои помошта во прехранбени и хигиенски прозводи ѝм е повеќе од добредојдена.

„Ова е важна идеја за нас, да им стоиме на располагање и на општината и на нашите граѓани со овие активности. Пакетите се надевам ќе им бидат доволно за еден месец. Отприлика околу 6000 денари ќе чини еден пакет. Во нив ги има основните продукти за прехрана на една фамилија“, вели тој.

Помош за Дебар во овие моменти на карантин и изолација од остатокот од државата, пристигнува и од приватни фирми и Црвениот крст.

„Пред се таа помош е во храна и во лекови. Снабдувањето доаѓа претежно од Скопје, како и од некои делови на нашата земја. Црвниот крст на Република Северна Македонија исто така врши снабдување на општините Дебар и Центар Жупа со разни артикли, она што на дебрани во овој момент им е најпотребно. Храна, лекови, кебиња и душеци и се друго што е неопходно за ваквата состојба“, вели Исни Телкиу, секретар на Црвен крст-Дебар.

Се смета дека само во САД, има околу 20000 иселеници од Дебар. Тие од 1996 година делуваат организирано. На почеток со цел реализација насопствените активности, но со зголемување на нивниот број, тие се во интензивна комуникација со родниот крај, каде учествуваат во подршка на невладиниот сектор, но и на многу хуманитарни, спортски и културни настани.

Во моментот се работи на формирање на дата база за нивниот точен број, бројот на семејствата и со што тие се занимаваат во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG