Линкови за пристапност

Се зголемува паниката поради неинформираност, вели Колоска, која десет години живее во Италија


Поради неинформираност, се шири поголема паника, вели Билјана Колоска, која живее во Италија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Македонка зборува за Гласот на Америка за состојбата со коронавирусот во оваа држава

Паника и страв владее во северниот дел на Италија, каде што е раширен коронавирусот, вели Билјана Колоска, која веќе десет години живее таму.

За Гласот на Америка таа открива каква е ситуацијата во Италија сега.

„Искрено да ви кажам,дека се плашиме и тоа е факт. Од една страна причина за тоа е неедуцираноста на народот, кој на ова гледа како на неизлечива епидемија која се пренесува. Поради неинформираност се шири уште поголема паника. Првите два до три дена навистина и јас и моето семејство бевме исплашени. На 22 февруари во мојот град, традиционално се одржува карневал. И бидејки има преголема посетеност, ние одлучивме да не одиме. Потоа прочитав во весниците дека имало посетеност од 14.000 граѓани, што на крај сфативме дека најдобро направивме што останавме дома. И тоа е една од првите превенции што човек може да ги направи. Моментално безбедноста е поголема. Властите смируваат, бидејки веќе се излечени дел од заболените лица. И се надевам дека брзо ќе се реши оваа ситуација. Моето дете станува наутро и прво што прави вклучува вести за да види каква е состојбата. Дете од девет години живее со тој страв“, вели Колоска.

Таа зборува и за училиштата кои не работат, и за редици во продавниците.

„Училиштата нема да работат до први март, а се зборува дека ќе се продолжи уште најмалку две недели. Вчера претседателот на регионот Бенето соопшти дека според него е безбедно да се започне со школските и спортските активности. Стравот кај нас родителите ќе постои, бидејќи Италија е држава која ги има вдомено националностите од целиот свет и не знаеме кој влегол, кој излегол од државата. Во маркетите првите два три дена, состојбата беше хаотична. Посебно каде се продаваат макарони, брашно, сол... И делот за хигиена беше празен. Но, Италија е голема држава, и мислам дека нема да дозволи да дојде до хаос да останеме без храна“, вели таа.

Колоска нагласи дека засега не планира да се враќа во Северна Македонија.

„Се чувствувам посигурно во Италија. Секако дека и ние не сме добредојдени таму сега, ниту пак јас би ја загрозила мојата и безбедноста на моите деца да патувам со автобуси или авиони“, рече Колоска.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG