Линкови за пристапност

Владата препорача да се откажат јавните собири, меѓу кои и предизборните


Поради коронавирусот, Владата повика да се откажат сите јавни собири до следниот петок
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:22 0:00

Препораката важи до следниот петок

Откажување на сите јавни собири во наредните седум дена. Тоа е препораката на Владата усвоена на денешната седница – се повикуваат организаторите на какви било поголеми јавни манифестации да ги откажат настаните до идниот петок, 6 март, превентивно, за да се спречи ширење на коронавирусот.

Затоа, е решено да се откаже Струмичкиот маскенбал, меѓународната карневалска вечер и детскиот карневал. Исто така и Прилеп донесе одлука за откажување на традиционалниот меѓународен карневал „Прочка“, што требаше да се одржи по 19 пат.

Владата, исто така ги задолжи организаторите на јавн настани одлуките да ги носат врз основа на консултација и мислење на Комисијата за заразни болести која ги известува надлежните институции за епидемиoлошката состојба со коронавирусот. Владините препораки се однесуваат и на предизборни собири - претседателот на ДИК, Оливер Дерковски очекува дека партиите ќе се однесуваат одговорно.

„Се надевам ќе ги почитуваат одлуките на Владата. Ситуацијата е таква во која мора сите да внимаваме и да се однесуваме одговорно. Се надевам дека ќе се однесуваат одговорно во целата ситуација“, изјави Дерковски.

Кампањата за предвремените избори официјално стартува на 23 март, но партиите веќе подолг период се на терен – а најголемата владејачка и опозициска партија во изминатите денови веќе одржаа поголеми собири.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG