Кина соопшти дека има речиси 10.000 потврдени случаи на коронавирус, кој досега предизвика 213 смртни слуачи.
Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека ширењето на вирусот во светски рамки бара итен координиран меѓународен одговор.
Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп ги предупредува Американците да не патуваат во Кина.
„Патниците треба да бидат подготвени дека рестрикции во патувањето ќе стапат во сила со кратко известуавање или без известување воопшто. Комерцијалните летови се редуцирани или стопирани кон Кина и назад“, соопшти Стејт департментот.
Центрите за контрола и превенција на болести на САД, ги советуваат американските граѓани да избегнуваат патување во Кина, доколку не е итно.
Британија денес потврди дека двајца пациенти во Англија, членови на исто семејство, биле зарзени од коронавирусот, а први слуачи на заразени од вирусот потврдија и Индија и Филипините.
Вирусот досега се рашири во Австралија, Канада, Финска, Германија, Хонгконг, Јапонија, Непал, Сингапур, Јужна Кореја, Тајланд, Обединетите Арапски Емирати и во Виетнам.
Facebook Forum