Линкови за пристапност

Белата куќа и демократите ги продолжуваат дискусиите за новиот пакет помош заради коронавирусот


Претставници на Белата куќа и највисоките по ранг демократи во Конгресот во понеделник треба да ги продолжат дискусиите за пакетот помош заради коронавируцот, вклучувајќи ја и помошта за милиони луѓе кои останале без работа.

Разговорите доаѓаат само неколку дена по истекувањето на важноста на помошта во износ од 600 долари неделно заради невработеност, што беше дел од поранешните напори за помош заради коронавирусот.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, демократскиот сенатски лидер Чак Шумер, секретарот за финансии Стивен Мнучин и шефот на кабинет на Белата куќа Марк Медоус се сретнаа во неделата во обид да ја надминат пат-позицијата меѓу демократите и републиканците во врска со тајмингот и величината на бенефициите заради невработеност, додека државата се справува со нов бран на инфекции што започна во јуни.

Пелоси и демократите сакаат да ја продолжат финансиската помош до крајот на 2020, додека претседателот Доналд Трамп и неговата администрација иницијално сакаа да ја скратат дополнителната помош на 200 долари неделно, додека работат на пакет што ќе биде 70 проценти од тоа што работникот примал пред да биде отпуштен.

XS
SM
MD
LG