ВАШИНГТОН —
Официјални лица на Нигерија потврдија прв случај на коронавирус. Се работи за италијански државјанин кој работи во Нигерија, и кој се вратил во Лагос од Милано. Тој се наоѓа во болница во Лагос, без сериозни симпотоми.
Овој случај го зголеми стравот за потенцијално ширење на коронавирусот во еден од најнаселените градови во Африка.
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека ниту една држава не е безбедна од ширње на вирусот.
Facebook Forum