Линкови за пристапност

Мобилни тимови активирани за помош на постарите и хронично болните


Мобилни тимови активирани за помош на стари лица
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Три мобилни тима на Црвениот крст од Охрид и општината во време кога важат препораките за неизлегување од дома, им помагаат на постарите и хронично болните лица

Планот беше направен, а мобилниот тим на Црвениот крст и општина Охрид беа подготвени да тргнат во акција. Додека течеа подготовките до нив постојано пристигнуваа барања од жители, на кои им е потребна помош во купување на најнеопходните намирници. Откако истите беа набавени, прва нивна дестинација беше охриѓанецот Ѓорѓија Поп Стефанија. Тој останал во својот дом почитувајќи ги препораките за заштита од корона вирусот.

На терен се три екипи на волонтери и вработени во општинската администрација, за поддршка на постари и изнемоштени лица, хронично болни, лица со попреченост и самохрани родители.


„Ги купија сите производи за исхрана.Почнувајки од леб, па завршувајки до сите други производи. Децата ја вршат целокупната функција и работа, што требаше јас да ја вршам со напори.Се јавувам и веднаш доаѓаат.Веднаш снабдуваат и навистина немам коментар.Од аптека купуваат работи,па се до игла и локомотива“, вели Поп Стефанија.

На терен се три екипи на волонтери и вработени во општинската администрација, за поддршка на постари и изнемоштени лица, хронично болни, лица со попреченост и самохрани родители. Тие беа формирани после насоките за заштита и превенција од новиот вирус Граѓаните кои имаат потреба од ваква услуга, единствено што треба да направат е само да им се јават.

„Во зависност од локацијата, се упатува тимот, се врши набавката и се доставува на домашна адреса, секако со соодветна заштита на самите тимови. Самите граѓани си ги обезбедуваат средствата за потребните намирници. Тоа се однесува на набавка на намирници за домашни потреби, набавка на лекови, препишување на рецепти кај матичен лекар и слични такви неопходни работи“, вели Мимоза Ставрева, секретарка во Црвен крст Охрид.

„Доколку имаат потреба за уплата на сметки, вадење на упати, ние сме тука, а имавме и случај на земање на инсулин, така да достапни сме за граѓаните на Охрид. Доколку имаат потреба, а бидејќи не смеат да излезат, можеме да им ги завршиме и сите работи во банка, плаќање на сметки или кредит. Луѓето не препознаваат, не бараат и имаме повици“, вели Илкер Мустафа, вработен во општина Охрид.

Тие порачуваат граѓаните да ги ограничат непосредните контакти и движењата надвор од домот и наместо да излегуваат да ги побараат нив.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG