Владиниот прес-центар кој изминатиот период беше главното место за добивање информации за ситуацијата со коронавирусот од денеска ќе биде празен.
„Со оглед на вонредната состојба од денеска прес-конференциите на владата ќе се одвиваат без присуство на новинари“, рече Соња Јанковска, портпаролка на Министерството за земјоделство на Северна Македонија.
Во услови на секојдневно зголемување на бројот на заразени, дел од политичките лидери излегоа со апел до граѓаните.
По воведувањето вонредна состојба што кај дел од граѓаните доведе до панично купување прехранбени производи, владата уверува дека нема да недостасуваат основни намирници.
„Би сакал да ги уверам граѓаните дека храна има и дека целата прехранбена индустрија е мобилизирана и нема простор за паника“, рече Трајан Димковски, министер за земјоделство на Северна Македонија.
Од утре армијата најавува засилено присуство на границите, а ќе учествува и во комбинирани патроли со полицијата.
„Дел од армијата, заедно со полицијата, ќе се вклучи во обезбедување на витални објекти. Проценките на Генералштабот се дека нема потреба во моментов за каква било мобилизација на резервниот состав на Армијата. Имаме доволни капацитети човечки и технички, искуство, знаење, имаме соодветни мерки“, вели Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
Во услови на секојдневно зголемување на бројот на заразени, дел од политичките лидери излегоа со апел до граѓаните.
„Ајде заедно да им помогнеме на институциите, на јавното здравство, преку наш личен пример, преку лична одговорност. Да останеме дома, да нема никакви собири, да користиме средства за дезинфекција и често да миеме раце“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
МВР информира дека 3.787 граѓани се во самоизолација и дека досега полицијата проверила околу 3300 од нив. За непочитување на овие мерки на претпазливост поднесени се 39 кривични пријави.
Facebook Forum