Линкови за пристапност

Михаел Рот: Неопходна е солидарност од страна на ЕУ за справување со пандемијата


Северна Македонија го живее првиот ден од воведувањето на вонредната состојба
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Министерот за Европа на Германија, Михаел Рот оствари „дигиталната“ среда со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров

Земјата го живее првиот ден од воведувањето на вонредната состојба – нема промени во секојдневието на граѓаните, мала е фреквенцијата на луѓе по улиците, се забележуваат помалку возила...Владата уверува дека оваа мерка, која ќе трае 30 дена, ќе придонесе за побрзо надминување на ситуацијата.

Се апелира до граѓаните да се придржуваат до повиците за помалку контакти – за само 2 дена поднесени се кривични пријави против 12-мина зашто не ги почитувале


„Вонредната состојба не значи никаков застој во слободниот транспорт, ниту во делот на прехранбените потреби на граѓаните, ниту во делот на снабдувањето на болниците и аптеките. Денеска сѐ продолжува да функционира во секојдневниот живот исто како и вчера. Нема одлука за нови рестрикции во движењето и извршувањето на професионалните обврски на граѓаните. Исклучок од ова, сега за сега, се само подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа“, вели техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Се апелира до граѓаните да се придржуваат до повиците за помалку контакти – за само 2 дена поднесени се кривични пријави против 12-мина зашто не ги почитувале пропишаните мерки. Информациите на полицијата се дека речиси 400 граѓани се под здравствен надзор и околу 1000 се во самоизолација. Во однос на олеснување на економскиот импакт на заразата, земјава се обратила до Брисел за финансиска помош.

„Согласно иницијативата на Европската Комисија, за финансиска поддршка за ликвидност на претпријатијата погодени од епидемијата, побаравме пристап до овие средства и на Банката за поддршка на развојот на Република Северна Македонија, со што би се обезбедиле брзи и краткорочни заеми кои брзо се одобруваат, а чие време на доспевање е до една година“, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

И Германија, најмоќната членка на ЕУ очекува европска помош за земјата. Тоа го порача државниот министер за Европа, на „дигиталната“ среда со Никола Димитров.

„Сметам дека е неопходна солидарност од страна на ЕУ. Се надевам декадека ЕУ ќе успее набрзо да и помогне на Северна Македонија во справувањето со економските последици од пандемијата“, рече Министерот за Европа на Германија, Михаел Рот.

Ситуацијата со корона вирусот ја турна во втор план речиси извесната одлука на земјите – членки на Унијата, на заседанијата идната недела на Северна Македонија да и одредат датум за почеток на пристапни преговори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG