Сто и десет лица кои не се жители на Дебар, актуелната ситуација ги затекнала во градот по разни основи. Дел биле на извршување на своите работни задачи, други пак на гости кај свои роднини и пријатели или како туристи. Тие се до завршувањето на кризната состојба нема да може да го напуштат Дебар. Дваесет и тројца од нив се странски државјани. Четиринаесет се од Косово, а девет од Шведска. Останатите се од внатрешноста на државата.
„Тие биле туристи во дебарските бањи Цапа.Згрижени се во хотели и состојбата нивна е добра. Тие ќе може да заминат од нашата земја, во рамките на она што значи почитување на мерките на Владата на Северна Македонија“, вели Кенан Мимидиновски, новинар од Дебар.
Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука вели дека ситуацијата и понатаму е сериозна, со оглед на ново регистрираните случаи на заболени од Ковид 19 во нивниот град.
Од кризниот штаб велат дека овие луѓе се чувствуваат безбедно. „До кога ќе е кризната состојба, тие ќе немаат шанса да имаат излез од нашиот град. Но од нашиот штаб се преземаат мерки за нормален живот на тие лица. Осигурани се со алишта и лекови за болните“.
Новинарот од Дебар, Мимидиновски за Гласот на Америка вели дека сите институции во Дебар во моментот се само изолирани и дефакто работат само продавниците и маркетите за прехранбени артикли но и аптеките.
„Во текот на ноќта и во текот на денот се мијат улиците. Надлежните институции вршат дезинфекција на улиците и објектите, посебно во Дебар.Во периферијата на Дебар има посебни мерки, каде беше и жариштето на појавата, која дојде од Центар Жупа“, вели тој.
Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука вели дека ситуацијата и понатаму е сериозна, со оглед на ново регистрираните случаи на заболени од Ковид 19 во нивниот град.
„Активностите наши се насочени на тој начин што, сакаме да го сузбиеме ланецот на пренесување на вирусот. Дебар има доктори има и екипа, но во иднина мислам дека ќе има потреба да се пратат уште специјалисти во оваа област“, вели градоначалникот.
Во меѓувреме Црвениот крст на Република Северна Македонија испрати маски, ракавици, заштитна облека за лекарите и волонтерите. Дополнително се очекува да пристигне од страна на Црвен крст и поголема хуманитарна помош во три тони млеко, но и храна, облека и средства за дезинфекција. Приоритет во распределба на истата ќе имаат старите и изнемоштени лица, инвалидни и социјално загрозени случаи.
Facebook Forum