Силно полициско обезбедување ги чува сите приоди кон Дебар и Центар Жупа. Веќе неколку дена и двете општини се под карантин, по прогласувањето на кризна состојба, откако најголемиот дел од заразените со новиот корона вирус се од овие населени места. Се дозволува влез само на лица кои се жители на општините, а строго забранет е излез на сите граѓани кои се затекнати на подрачјето.
Состојбата би ја опишал во моментот како една потенцијална бомба, на која и се вади осигурачот. Не знаеме колку време може да ја држиме бомбата да не експлодира. Секое ново надоаѓање на нови бранови на наши сограѓани го пролонгира времето за нови две недели.Аладин Демишоски, лекар
Во меѓувреме во неколку струшки села од каде има голем број на иселеници во Италија со полицијата и месните заедници ќе се утврдува идентитетот на лицата кои допатувале од високо ризичните земји, со укажувања за примена на препораката за 14-дневна самоизолација во сопствените домови.
И лекарите повикуваат на детектирање и евиденција на сите граѓани кои доаѓаат од овие региони.
„Добар дел во периодот кога не била така критична состојбата во тие држави посебно во Северна Италија, добар дел и од нивните семејства заминале и во нивна посета и се затекнале во епицентарот на кризата. Тие се тие во следниот период кои го носат потенцијалниот ризик да ја пренесат заразата на резидентното население“, вели Аладин Демишоски, лекар-специјалист интернист.
Демишоски апелира до сите нив да се пријават и да ги почитуваат сите мерки и насоки, бидејќи вели работата треба да се сфати сериозно.
„Состојбата би ја опишал во моментот како една потенцијална бомба, на која и се вади осигурувачот. Не знаеме колку време може да ја држиме бомбата да не експлодира. Секое ново надоаѓање на нови бранови на наши сограѓани го пролонгира времето за нови две недели. Ако не се затворат едноставно движењата на луѓето во еден временски период, ова може да трае и до недоглед, едноставно да живееме и со месеци во страв“, вели тој.
Како дополнителна мерка затворен е охридскиот аеродром, исто како и неколку гранични премини. Добар момент е и ставањето клуч на кафетериите и угостителските објекти, каде најприсутна е помладата популација.
„Овој регион е доста деликатен. Струга се наоѓа многу блиску на 10 километри од Албанија. Мислам дека изолацијата или делумна изолација, односно да не сме активни како во нормални услови е добредојдена за сите“, вели Агим Пошка-универзитетски професор.
Нормализирање на состојбата е можно само преку заеднички сили и напори вели Демишоски, според кого според нај оптимистичкото сценарио тоа е можно да се случи за три до четири недели.
А, додека земјава се бори со моменталната ситуација, фотографијата на медицински персонал од дебарската болница на која пишува „Ние сме на работа, вие седите дома“, стана хит на социјалните мрежи.
Facebook Forum