Линкови за пристапност

Нови забрани за патувања поради коронавирусот


Светската здравствена организација соопшти дека има 17 пати повеќе нови случаи на Ковид-19 надвор од Кина во споредба со бројот на случаи во нејзините граници

Државите низ светот преземаат засилени мерки за да го спречат ширењето на коронавирусот од кој досега се инфицирани 95.000 луѓе во повеќе од 75 држави, додека бројот на нови случаи во Кина започна да опаѓа.

Иран и Италија се најтешко погодени по Кина и Јужна Кореја


Светската здравствена организација соопшти дека има 17 пати повеќе нови случаи на Ковид-19 надвор од Кина во споредба со бројот на случаи во нејзините граници.

Австралија во четвртокот се приклучи кон мерките на Кина и Иран забранувајќи ги патувањата од Јужна Кореја, каде има повеќе од 6000 случаи, најмногу надвор од границите на Кина.

По забраната на патувањата од Кина, Индонезија воведе ограничување за патници од одредени области во Јужна Кореја, Иран и Италија. Иран и Италија се најтешко погодени по Кина и Јужна Кореја.

Во Иран, каде има повеќе од 3.500 случаи, училиштата и универзитетите ќе останат затворени до 20 март. Во Италија, каде има повеќе од 3000 потврдени случаи, училиштата и универзитетите ќе бидат затворени до 15 март, додека на спортските натпревари ќе биде забранета публика и следниот месец.

Од Обединетите нации велат дека вирусот го нарушил образовниот процес на речиси 300 милиони ученици и студенти ширум светот.

Обединетите арапски емирати во четвртокот ги советуваа своите граѓани да не патуваат никаде надвор од државата за време на епидемијата на коронавирусот.

Саудиска Арабија покрај тоа што забрани влез за странци кои одат на аџилак во Мека, исто така наметна нова забрана за сопствените граѓани за вршење на ритуалот.

Палестинските власти ја затворија за јавноста Црквата на Рождеството Христово во Витлеем.

Кинескиот претседател Кси Џингпинг ја одложи посетата на Јапонија закажа за следниот месец.

Кина е центар на епидемијата со најголема стапка на смртност од околу 3000 починати лица. Во Јапонија има повеќе од 1000 случаи.

Во САД случаи на коронавирус има во западните држави Вашингтон и Калифорнија.

Во Калифорнија е прогласена вонредна состојба, по примерот на Вашингтон, Флорида и Хаваи.

Внимателно се следи состојбата во дом за стари лица во близина на Сиетл, Вашингтон, епицентар на епидемијата во САД. Повеќето од единаесетте жртви во САД се регистрирани во Центарот за нега во градот Киркланд.

Градоначалникот на Њујорк, Бил Де Бласио соопшти дека уште два случаи се потврдени во градот и дека ниту еден од пациентите не патувал некаде и не бил во контакт со заболени лица.

Американскиот Сенат се очекува во четврток да одобри 8,3 милијарди американски долари за справување со вирусот, вклучително и за истражувања за вакцина, набавка на комплети за тестирање и третмани. Дел од парите ќе се користат и за финансирање на меѓународни напори за сузбивање на вирусот.

Претставничкиот дом ја одобри мерката во средата, а претседателот Доналд Трамп се очекува да ја потпише.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG