Бројот на нови заболени, како и смртни случаи предизвикани од корона вирусот, расте на кинеското копно, соопштија кинеските здравствени власти, додека откривањето на нови случаи надвор од копното укажува на зголемено ширење на вирусот и појава на епидемија.
Одделот за одбрана на САД соопшти дека околу 350 Американци го напуштиле Вухан во средата со два чартер-авиони.
Но, и покрај зголемениот број на држави каде е регистриран корона вирусот, Светската здравствена организација соопшти дека се’ уште не е достигнато нивото на пандемија.
Д-р Силви Брајанд, директорка на СЗО за епидемиски и пандемични заболувања, за новинарите во Женева во вторникот изјави дека се работи за фаза „на епидемија со повеќе жаришта“.
Досега најмалку 490 лица починаа, мнозинството на кинеското копно, како последица на корона вирусот откакоза прв пат беше детектиран во декември во централниот кинески град Вухан, при што се потврдени вкупно 24.000 инфицирани. Потврдени се и 150 случаи во 23 други држави, вклучувајќи и еден смртен случај на Филипините – прв надвор од Кина.
Одделот за одбрана на САД соопшти дека околу 350 Американци го напуштиле Вухан во средата со два чартер-авиони што треба да слетаат подоцна во текот на денот во две воени бази во американската западна држава Калифорнија.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека може да бидат закажани повеќе летови за Кина во четврток, но не изнесе дополнителни информации.
Две авиокомпании со седиште во САД во средата ги објавија плановите за привремено прекинување на летовите до Хонг Конг. „Американ ерлајнс“ и „Јунајтед ерлајнс“ соопштија дека ги прекинуваат овие летови до 20 февруари.
Претседателот на САД, Доналд Трамп понуди да испрати експерти во Центарот за контрола и превенција на болести во Кина, но Пекинг допрва треба да ја прифати понудата за помош.
САД во неделата воведоа задолжителен 14-дневен карантин за американските граѓани кои биле во провинцијата Хубеи, чиј главен град е Вухан.
Пентагон во понеделникот соопшти дека САД веќе се подготвени да обезбедат сместување за 1.000 луѓе за кои можеби ќе биде потребен карантин.
Facebook Forum