Линкови за пристапност

Смртта на Дон Корнелиус затече многумина


Смртта на Дон Корнелиус затече многумина
Смртта на Дон Корнелиус затече многумина

И натаму пристигнуваат изрази на почит за музичарот кој остави белег во американската култура

Продолжуваат да пристигнуваат изрази на почит и пофалби за работата на починатиот американски телевизиски водител и музички промотер Дон Корнелиус, кој беше најден мртов со рана од куршум во главата, во неговиот дом во Лос Анџелес во средата.

Корнелиус беше основач на телевизиското шоу Soul Train што помогна да се претстави африканско-американската музика и култура на традиционалната Америка од 1971 до 1993.

Полицијата вели дека дека повредата од куршум веројатно сам си ја нанел. Не е јасно зошто Корнелиус би се самоубил, иако имаше извештаи дека последниве години му ослабува здравјето.

Претседателот на Black Entertainment Television, Роберт Џонсон, Корнелиус го нарече „фигура чии постигнувања не се ништо помалку од феноменални“.

Пејачката легенда Арета Франклин, која се појави на Soul Train, смртта на Корнелиус рече дека е „тажна и шокантна“ и дека тоа е огромна загуба.

Композиторот и продуцент Квинси Џонс рече дека „длабоко затечен“ од загубата на пријателот и бизнис партнер.

XS
SM
MD
LG