Линкови за пристапност

Семе за жешка иднина


Семе за жешка иднина
Семе за жешка иднина

Климата и проблемот со храна

Експертите предупредуваат дека климатските промени ќе се одразат на резервите со храна. Наведуваат вакво сценарио - екстремните температури ја намалуваат жетвата а со тоа и залихите на храна. Затоа, еден од најголемите предизвици на денешницата е развивање на нови видови, отпорни на климатските промени. Ваквото нешто е уште поважно со прогнозата дека до средината на овој век, на планетата ќе има девет милијарди жители, за разлика од денешните седум. Во Тексас веќе работат на случајот.

Ова не беше добра година за пченката во Тексас: со само една десетина од нормалните врнежи на дожд, високите температури и сушата, малку што преживеа од посевите.

На околу еден час северно од Амарило, група научници работат на долгорочен проект – ги подготват фармерите за пожешки, посуви години.

„Станува се` поважно. Студените места стануваат постудени, жешките пожешки. Кога е пожешко, сушата е неминовна“, вели Венвеј Шу кој ја предводи екипата научници.

Сушата, пак, ја бои пченката кафена. Кафената боја значи дека завршила фотосинтезата – кога растенијата ја претвораат сончевата светлина во скробни зрна.

Неговиот колега Чингва Шуа идентификувал гени што помагаат некои тропски видови на пченка да останат подолго зелени под вакви услови.

„Ако подолго се зелени, ќе имаат фотосинтеза подолго. Подолга фотосинтеза – подолго време да ги полнат своите зрна, вели Шуа.

Тимот вкрстил пченка со тие гени користејќи традиционално одгледување на растенијата, а не генетички инженеринг, што е построго регулирано.

Но наоѓањето на совршен вид пченка не е лесна работа, подвлекува Томас Марек, експерт за иригација на тексашкиот Универзитет А и М.

„Ништо не е гарантирано. Додавате гени, го модифицирате родот, а не знаете што носи Мајката Природа таа година“, објаснува Марек.

Ова, сепак, е голем чекор, иако истражувањето може да потрае пред отпорното семе на суша да стане достапно за фармерите. Но. кога ќе стане, користа ќе ја почувствуваат и други, преку границите на САД.

XS
SM
MD
LG