Линкови за пристапност

Обама: Патот напред нема да биде ниту брз, ниту лесен


Барак Обама на гласачите им кажа дека се соочени со „најјасен избор од кога било во една генерација“

Прифаќајќи ја номинацијата за претседателска номинација на Демократската партија во четвртокот, американскиот претседател Барак Обама на гласачите им кажа дека се соочени во „најјасен избор од кога било во една генерација“, кога ќе излезат на гласање во ноември – „избор меѓу два различни патишта за Америка“.

Претседателот Обама излезе на сцената на Демократската национална конвенција во Шарлот, Северна Каролина, во четвртокот навечер, среде извици „уште четири години“. Тој им кажа на Американците дека ќе бидат потребни „уште четири години“ за решавање на предизвиците на државата, велејќи дека „патот што ние го нудиме може да биде потежок, но води кон подобро место“.

Патот што ние го нудиме може да биде потежок, но води кон подобро место
Барак Обама

Обама кажа дека сака нацијата да се собере околу група цели, во производството, енергијата, образованието, националната безбедност и дефицитот што „ќе доведе до нови работни места“, повеќе можности и градење на економијата на посилна основа“.

Говорот на Обама дојде само девет недели пред општите избори на 6 ноември. Тој и републиканскиот предизвикувач Мит Ромни се виртуелно изедначени во анкетите.

Обама: Патот напред нема да биде ниту брз ниту лесен
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:37 0:00
Некои од целите што Обама ги постави во говорот вклучуваат креирање на еден милион нови производствени работни места до крајот на 2014 и намалување на нето извозот на нафта за половина до 2020. Претседателот Обама исто така вети дека ќе го намали дефицитот на нацијата за повеќе од 4 трилиони во текот на наредните десет години.

Признавајќи дека е свесен за „сопствените потфрлања“, претседателот Обама кажа дека „никогаш немал повеќе надеж за Америка“. Тој рече дека му требаат Американците „кои веруваат во држава каде секој има шанса, секој го прави својот дел, и секој игра по исти правила“, да гласаат.

Претседателот вклучи жестока критика за ривалот, обвинувајќи го за редица прашања, вклучувајќи ја надворешната политика, даноците и здравствената заштита.
XS
SM
MD
LG