Линкови за пристапност

Јапонија: Контаминирана вода се испушта во океанот


Јапонија: Контаминирана вода се испушта во океанот
Јапонија: Контаминирана вода се испушта во океанот

Операторите на јапонската оштетена нуклеарна централа започнаа со испуштање на 10 илјади тони контаминирана вода во океанот да се направи место во нивните резервоари за вода која е уште порадиоактивна, како последен од серијата напори да се стават реакторите што се прегреваат под контрола.

Главниот секретар на кабинетот, Јукио Едано, го соопшти планот на прес-конференција порано во понеделник, велејќи дека овој чекор е „неизбежен“ за да се осигура безбедноста. Тој рече дека водата што се испушта е многу помалку радиоактивна во споредба со водата што ќе биде испумпана во резервоарите, главно од реакторот број два од централата Фукушима.

Првиот човек на ОН за атомска енергија на средба во Виена во понеделник кажа дека тековната несреќа на централата Фукушима довела до глобална загриженост во врска со безбедноста на нуклеарната енергија. Јукија Амано кажа дека одржувањето на високи стандарди за безбедност и транспарентност биле круцијални за обновување на довербата во секторот.

Директорот на Џенерал Електрик, Џефри Имелт, чија компанија ја дизајнирала централата Фукушима, за време на посетата на Јапонија во понеделник кажа дека илјада нивни инженери и партнерската компанија Хитачи работеле на ублажување на последиците на катастрофата.

Официјални лица веќе забележаа нивоа на радиоактивност илјадници пати повисоки од законските лимити во водите близу централата Фукушима, каде разладните системи за сите шест реактори беа расипани по масивниот земјотрес и цунами на 11 март. Екипите за поправка во саботата ја идентификуваа можната причина за протекот како пукнатина во вдлабнатината за складирање во близина на реакторот број два.

Многу обиди за запирање на протекот не успеаја. Јапонската компанија за енергија во неделата се обиде да го запечати отворот со мешавина од материјали која се очекувало да се рашири за неколку пати кога ќе се стврдне, но не е забележано никакво намалување на нивото на радијација во океанот.

Во понеделник, енергетската компанија започна да истура течна боја во водата во надеж дека на тој начин ќе го откријат патот на истекот на вода.

XS
SM
MD
LG