Линкови за пристапност

Не е фер, но, мора да има отстапки за името


Прајс: Не е фер спорот за името да ја попречи Македонија кон ЕУ и НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

Конгресменот Дејвид Прајс, во интервју за Гласот на Америка, ги коментира тековните преговори меѓу Македонија и Грција

САД, уште од времето на државниот секретар Колин Пауел, кажаа дека Македонија треба да може да го користи веќе утврденото име, рече демократскиот конгресмен Дејвид Прајс, во врска со тековните преговори за решавање на спорот со Грција.

Прајс, за Гласот на Америка, изјави дека Конгресот има двопартиска резолуција, според која, Грција не треба да застане на патот на Македонија кон евроатлантските интеграции.

„Мислам дека не е фер проблемот со името да ја попречи Македонија да стане полноправна членка на Европската унија и на НАТО“, изјави Прајс.

Но, вели тој, правилата се познати - секоја држава може да стави вето на членството на друга држава, и тие правила нема да може да се променат.

„Затоа Македонија и Грција треба заеднички да работат на изнаоѓање прифатливо решение. Се надевам, решение со кое Македонците ќе бидат задоволни, и кое ќе ги претставува соодветно. Мора да има отстапки, иако во минатото имам кажано дека Македонија има подобри аргументи“, рече тој.

Прајс не сакаше да даде прогноза кога би се решил овој спор, но, ја истакна заканата од Русија за Македонија и за Балканот, ако тоа не се случи брзо.

„Мора да бидеме претпазливи. Македонија е суверена држава. САД немаат улога да и кажат на Македонија какви економски и политички врски да воспоставува, но, се надеваме дека ќе биде пријателски ориентирана кон нас и кон Европа“, смета Прајс.

Со ваква порака, конгресменот од Северна Каролина планира да ја посети Македонија во наредните неколку месеци, каде на средба со новиот парламентарен состав, планира да ја истакне потребата од брзо решaвање на спорот за името, и поддршката од САД во посредување во овој спор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG