Линкови за пристапност

САД и ЕУ треба да работат заедно дражвата да добие датум за преговори, порача конгресменот Микс


Ако ЕУ процесот се одложи, создаваме простор други да влезат во регионот, рече Микс
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00

Ако процесот се одложи и ако државата се изолира, создаваме простор други да влезат во регионот, предупреди демократскиот конгресмен, во интервју за Гласот на Америка

Демократскиот конгресмен од Њујорк Грегори Микс порача дека САД и Европската Унија треба да работат заедно да осигураат дека Северна Македонија ќе стане дел од европските институции.

„Целта е да осигураме демократијата да функционира, државата да е признаена и дека имаме напредок“, изјави Микс за Гласот на Америка.

Коментирајќи го ветото за почеток на пристапни преговори со ЕУ, и можна промена на одлуката на земјите- членки, Микс рече дека државата треба да продолжи да ги следи правилата и да ги усвои регулативите потребни за влез во Унијата.

„Ако процесот се одложи и ако државата се изолира, создаваме простор други да влезат во регионот. За мене Европа и западната цивилизација се важни. Треба да ги поставиме правилата и да рботиме заедно, за да не можат Русија и Кина да ги постават нивните правила“, рече тој.

Токму поради тоа, вели Микс, САД и ЕУ треба да им помогнат на државите, како Северна Македонија, да направат демократски напредок и да работат на унапредување на човековите права.

„Тие држави треба да бидат наградени за тоа. Треба да работиме заедно за да бидеме пример кој сите ќе го следат“, вели тој.

Нагласи дека евроинтегративниот процес е важен и за борбата на државата да се справи со репресијата, расизмот и ксенофобијата.

Евентуална промена на сегашната одлука на ЕУ и можен датум за почеток на преговори со Северна Македонија, се очекува до мај, кога во Загреб ќе се одржи Самит меѓу ЕУ и Западен Балкан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG