Линкови за пристапност

САД чекаат Столтенберг да се изјасни за влезот на Македонија во НАТО


САД чекаат Столтенберг да се изјасни за влезот на Македонија во НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:02 0:00

Не очекуваме одговор веднаш, но, нашата канцеларија ќе продолжи да притиска, вели конгресменот Џим Бенкс, кој неодамна испрати писмо до генералниот секретар на Алијансата

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се` уште не одговорил на писмото од група конгресмени на САД, со кое тие го повикаа да го забрза членството на Македонија во НАТО.

„Овие писма не доаѓаат брзо. Всушност, постојано испраќаме писма до различни американски агенции и организации, како што беше овој случај. Не очекуваме одговор веднаш, но, нашата канцеларија ќе продолжи да притиска и да бара одговор и во иднина. Се надевам ќе се случи брзо“, изјави републиканскиот конгресмен Џим Бенкс, во интервју за Гласот на Америка.

Конгресменот Бенкс, кој беше иницијатор за испраќање на писмото, вели дека е целосно убеден оти влезот на Македонија во НАТО ќе биде голема победа во напорите да се зачува стабилноста.

„Неодамна го прашав секретарот за одбрана Матис какво е неговото мислење за влезот на Македонија во НАТО. Тој, заедно со мене и останатите, гледа дека Македонија ќе ја зацврсти Алијансата. Ќе се совпадне совршено во неа“, рече Бенкс

Бенкс, го истакна разговорот на потпретседателот на САД Мајк Пенс со грчкиот премиер Алексис Ципрас, за решвање на спорот за името, и напорите да донесе мир во регионот.

„Мислам дека на претседателот Трамп и Пенс треба да им се даде признание за поддршката што ја даваат во преговорите меѓу Македонија и Грција. На повидок е здрав резултат кој ќе биде победничка ситуација за двете страни“, смета Бенкс.

Конгресменот е убеден дека секаде каде што Америка ќе направи вакуум во лидерството, Русите се обидуваат да го пополнат, што е случај и со Балакнот.

Од тие причини, смета тој, Македонија има важна улога и влијание во големата слика во светот, поради што е нужен и нејзиниот прием во НАТО.

Бенкс е оптимист, а гледа и желба кај Грците да седнат на маса и да преговараат за конечно решение - колку побрзо, толку подобро.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG