Линкови за пристапност

Почина конгресменот со најдолг стаж во историјата на САД


Демократот Џон Дингел од Мичиген беше член на Претставничкиот дом 59 години и 22 дена, од 1955 до 2015 година

Почина поранешниот демократски конгресмен од Мичиген Џон Дингел на 92-годишна возраст. Дингел е конгресмен кој најдолго служел во американскиот Конгрес досега.

„Конгресменот Дингел почина мирно во неговиот дом, покрај неговата сопруга Дебора. Тој беше лав во американскиот Конгрес, син, татко, сопруг, дедо и пријател. Ќе биде запаметен по децениската јавна служба за луѓето во југоисточен Мичиген, како и по неговата животна посветеност за подобрување на животите на сите кои чекорат на земјата“, соопшти канцеларијата на неговата сопруга Деби Дингел, демократска конресменка од Мичиген.

Дингел изминативе години стана познат по неговите саркастични Твитер објави и критики кон администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом го опиша Дингел како неуморен борец за чисти воздух и вода, заштита на потрошувачите и финансиска регулација, во неговата речиси шест децениска служба во Конгресот.

Тој беше член на Претставничкиот дом 59 години и 22 дена, од 1955 до 2015 година, служејќи со 11 претседатели на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG