Линкови за пристапност

Најскапата конгресна трка ја добија републиканците


Карен Хандел го порази демократот Џон Ософ во кампања тешка 50 милиони долари

Републиканката Карен Хандел победи на специјалните конгресни избори во јужната држава Џорџија, овозможувајќи и` на нејзината партија да го задржи местото со што се спречи Демократската партија да го намали републиканското мнозинство во Претставничкиот дом.

Трката меѓу Хандел и демократскиот предизвикувач Џон Ософ беше голем фокус за двете партии што чинеше 50 милиони долари – правејќи ја најскапа конгресна трка во историјата на САД.

Хандел доби 53, спрема 47 проценти освоени од противникот.

Претседателот победи во истиот дистрикт со тесно мнозинство, за еден процентен поен. Тој беше активен со Твитер пораки изминатите денови поттикнувајќи ги гласачите да се изјаснат за Хандел.

Резултатот од ова е што Републиканците ќе држат 241 мнозинско место во Претставничкиот дом, додека демократите остануваат со 194. Републиканците исто така имаат мнозинство и во Сенатот.

За сите 435 места во Претставничкиот дом ќе се гласа во 2018-та, и доколку демократите сакаат да ја имаат контролата, тие ќе треба да освојат 24 места покрај овие што сега ги имаат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG