Линкови за пристапност

Конгресот пред одобрување на планот за вооружување на сириските бунтовници


Претставничкиот дом ја изгласа мерката, сега треба да се изјасни Сенатот

Конгресот е пред тоа да даде конечно одобрение за планот за вооружување и обучување на одреден број на сириски бунтовници што се обидуваат да го симнат од власт претседателот Башар ал-Асад и да ги поразат милитантните на Исламската држава (ИД).

Претставничкиот дом, под контрола на републиканците, денес ја одобри мерката. Се очекува Сенатот, кадешто мнозинство се демократите, денес да ја потврди истата.

Во меѓувреме, францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека неговата земја е подготвена да изврши воздушни напади против милитантите во Ирак, но ја отфрли можноста за нивно проширување и во Сирија.

Се очекува Конгресот да одобри помош за сириските бегалци и покрај загриженоста на некои демократи, дека со тоа САД би се вклучиле во уште една војна на Блискиот Исток, и на некои републиканци, дека мерката не е доволна да се порази ИД.

XS
SM
MD
LG