Линкови за пристапност

Конгресот се враќа на работа


По повеќе од еден месец надвор од Вашингтон, Претставничкиот дом и Сенатот мора да го усвојат буџетот за владата да биде финансирана.

Второто обезглавување на американски новинар, Стивен Сотлоф, минатата недела, предизвика емотивна реакција од многумина членови на Конгресот. Претседателот Барак Обама кажа дека во вторник ќе се сретне со конгресните лидери да дискутира за стратегијата спрема Исламската држава и дека ќе се обрати до нацијата во среда. Претставничкиот дом ќе има пет распити неделава кои ќе фокусираат на тероризам.

Некои законодавци велат дека претседателот треба да бара авторизација од Конгресот за поширока воена кампања во Ирак и можно дури и во Сирија.

Други членови на Конгресот го критикуваа претседателот што не реагирал доволно цврсто на егзекуциите и велат дека минало времето да изнесе стратегија за поразување на Исламската држава.

Друго нерешено прашање е имиграционата реформа и напливот на деца од Централна Америка на јужната граница на САД. Претседателот во саботата кажа дека ќе одложи секаква извршна акција за имиграционата реформа до после конгресните избори во ноември.

Со месеци Сенатот под раководство на демократите и Претставничкиот дом под водство на републиканците не беа во состојба да се договорат за прашања како што е имиграционата реформа и многу законодавци би сакале да избегнат гласање по контроверзни прашања неколку недели пред изборите.

XS
SM
MD
LG