Линкови за пристапност

Претставничкиот дом го одложи конечното гласање за помошта за Украина


Сенатот додаде одредба на мерката што вклучува 10 милиони долари за финансирање на емитувањето програма наменета за регионот.

Конгресот го одложи гласањето по предлог-законот што обезбедува помош за Украина и поставува санкции за Русија барем до вторник.

Американскиот Претставнички дом на кратко се состана во петокот без да ја одобри мерката. Законодавците нема да се сретнат повторно до пладне во вторник.

Претходно, Претставничкиот дом се согласи да ја прифати сенатската верзија на легислатива што на Украина и` дава една милијарда гаранции на заем. Таа поставува натамошни санкции врз Русија за нејзината анексија на Крим.

Законодавците во Претставничкиот дом и во Сенатот со големо мнозинство одобрија одвоени мерки во четвртокот.

Сенатот подоцна додаде одредба на својата легислатива што вклучува 10 милиони долари за финансирање на емитувањето програма наменета за регионот. Одредбата веќе беше во верзијата на Претставничкиот дом.
XS
SM
MD
LG