Линкови за пристапност

Конгресот изгласа помош за Украина, казна за Русија


Гласањето се случи на истиот ден кога Меѓународниот монетарен фонд на Украина и` вети 18 милијарди долари заем.

Американскиот Конгрес испрати силна порака до Русија до Русија за нејзината анексија на Крим, со усвојување мерка за давање помош за Украина и казнување на Москва.

Законодавците во Претставничкиот дом и во Сенатот со големо мнозинство одобрија одвоени мерки во четвртокот.

И двата предлог-закони вклучуваат една милијарда во гаранции на заем за Украина и пенализирање на Русија за нејзините акции во Крим.

Законодавците во двата дома ќе треба да ги испеглаат разликите по други провизии пред да го испратат конечниот предлог кај претседателот Барак Обама.

Демократскиот конгресмен Елиот Енгел кажа дека САД продолжуваат да работат со Украина за да помогнат државата да се сврти кон Запад, со што претседателот Владимир Путин „ќе загуби“.

Тој рече дека Путин може да „заграбил земја“ во Крим, но ќе го загуби остатокот на Украина.

Гласањето во Претставничкиот дом и во Сенатот се случи на истиот ден кога Меѓународниот монетарен фонд на Украина и` вети 18 милијарди долари заем.

Но, ММФ вели дека Украина, во замена, мора да се согласи да спроведе силни економски реформи.
XS
SM
MD
LG