Линкови за пристапност

По инцидентот пред Конгресот


Идентификувана жената што со автомобил се обидела да пробие низ барикадите пред Белата куќа.

Полицијата во Вашингтон и натаму се обидува да дознае зошто жена со мало дете со својот автомобил удрила во една од заштитните барикади пред Белата куќа, поттикнувајќи бркотница среде Вашингтон. Потоа таа била застрелана пред зградата на Конгресот. Детето е неповредено, во престрелката биле повредени двајца полицајци, но не се во животна опасност.

Мајката на жената Ајдила Кери ја идентификувала осомничената личност како 34-годишната Миријам Кери од афро-американско потекло. За Еј-Би-Си телевизијата таа изјави дека нејзината ќерка страдала од пост-натална депресија. Бебето е родено во август.

Законодавците и други вработе во Конгресот беа приморани да останат засолнети во зградата нешто помалку од еден час, но полицијата обелодени дека притоа немало никаков ризик по нивните животи.

Надлежните потенцираа дека не веруваат оти инцидентот има некаква поврзаност со актуелното делумно затварање на владата.
XS
SM
MD
LG