Линкови за пристапност

Сенатот ќе гласа за привремена мерка за финансирање на владата


Ова е маневра за заобиколување на напорите на републиканците за стопирање на законот за здравствена заштита

Американскиот Сенат кој е под контрола на демократите почна серија гласања за легислативата со која ќе продолжи да се финанира работата на американската влада по истекувањето на рокот, со што им пркосат на плановите на републиканците да стават крај на контроверзниот закон со кој ќе се прошири здравствената заштита на милиони Американци.

Ваквите обиди ги предводи републиканскиот сенатор од Тексас Тед Круз, кој започна маратонска дебата, со цел да се спротивстави на законот, попознат како „Обамакеар“, и која траеше непрекинато до утринава.

Круз е голем поддржувач на законот кој беше усвоен во Претставничкиот дом под контрола републиканците, со кој се предвидува продолжување на финансирањето на владата по 1-ви октомври, освен за Обамакеар, на што фракцијата Ти парти се противи. Ваквата легислатива, пак, нема шанса да биде усвоена во Сенатот, кој е под контрола на демократите, со што спорот меѓу двете партии може да резултира со затварење на владата.
XS
SM
MD
LG