Еден ден откако ја усвои мерката за привремено финансирање на Владата до 11-ти декември, Конгресот се враќа во партиските битки околу долгорочното финансирање при што, армиските трошоци, на коишто приоритет даваат републиканците, стојат наспроти домашните, на кои приоритет им даваат демократите.
Законодавците од обете партии велат дека сета прашина околку можното делумно затворање на владата всушност значи голем неуспех за Конгресот да го примени своето овластување над носењето одлуки во името на САД.
„Да се стави владата на автопилот не е одговорен начин да се финансира владата, вели републиканскиот сенатор Сузан Колинс.
Пентагон се наоѓа меѓу точките на партиската препирка.
Републиканците вршат притисок за конечно усвојување на Националниот акт за авторизација на одбраната, кој ќе одреди колку Пентагон може да потроши.
„Да погледнеме што се случува во светот денес“, изјави републиканскиот конгресмен Бредли Бурн, член на Комисијата за оружени сили во Претставничкиот дом, споменувајќи ги конгликтите од Украина до Сирија и пошироко. Среде сето ова, треба да имаме двопартиски, обединет фронт да му кажеме на светот, на нашите ривали и сојузници, дека сме обединети“.
Белата куќа се закани дека ќе стави вето на Актот за одбрана, велејќи дека претседателот се противи на одредбите за насочување на фондовите за итни случаи кон други области на одбранбени трошооци.
На Капитол Хил, демократите ги обвинуваат републиканците дека користат буџетски трик за да ги заобиколат ограничувањата во трошењето за армијата.
Демократите гледаат поширико на проблемот: доколку Пентагон добива краткорочно олеснување од ограничувањата за трошоци, тогаш бројот на домашни програми, коишто не се поврзани со одбраната, треба исто така да располагаат со поголеми фондови.
Лидерот на демократите во Сенатот, Хари Рид цврсто стои зад тој став.
„Загрижени сме за прашањата коишто не се поврзани со одбраната“, изјави тој. Загрижени сме за ФБИ, за федералниот судски систем. Загрижени сме за нашите шуми што горат, за парите за патишта. И со право“.
Конгресменот Бурн се согласува дека Конгресот мора да обрне внимание на домашните потреби, но не сега.
„Ова е дебата што вреди да се има, но ова не е време за неа“, подвлече Бурн. „Нема ништо поважно за нас денес, отколку да обезбедиме дека сме силни и обединети во одбраната на нашата земја“.
За балансот меѓу трошоците за армијата и домашните програми ќе се разговара на средбите меѓу Белата куќа и конгресните лидери. Целта на усвоената мерка за продолжено финансисрање на владата во средата беше токму тоа – да му даде на Вашингтон време да постигне двопартиски фискален договор за 2016-та и понатаму.