Линкови за пристапност

Се` уште неизвесно дали ќе има затварање на владата


Ако сенаторите денес го усвојат документот, легислативата ќе оди назад во Претставничкиот дом.

Сенатот денеска се очекува да гласа по мерката за избегнување на прекин на работата на владата, неколку дена по дебатата за реформата на системот за здравствена заштита предложена од претседателот Барак Обама, која републиканците се обидуваат да ја блокираат.

Доколку сенаторите ја усвојат мерката, легислативата ќе биде вратена во Претставничкиот дом каде треба да се одобри во рок од неколку дена за да се избегне затворање на владата.

Во четвртокот претседателот Барак Обама кажа дека е несфатливо однесувањето на републиканците кои продолжуваат да се противат на законот за здравствена грижа. Тој ја обвини републиканската опозиција за обид за уцена, преку оневозможување на финансирањето на Актот за достапна грижа, да предизвикаат делумно затворање на владата почнувајќи од 1-ви ктомври.


Спикерот на Претставничкиот дом Џон Бејнер истакна дека постои мала веројатност домот под контрола на републиканците да усвојат мерка за привремени трошоци што би ја финансирала владата по 1-ви октомври. Доколку не се постигне договор до 17-ти октомври, САД нема да можат да ги исплаќаат своите долгови за прв пат во историјата.

Претставничкиот дом подоцна неделава се очекува да ја усвои мерката со која Одделот за финансии ќе може да ја подигне крајната граница за позајмување, воведувајќи едногогодишно одложување на Актот за достапна грижа, со кој се прошируваат трошоците за здравствена грижа за милиони во моментов неосигурани Американци.
XS
SM
MD
LG