Линкови за пристапност

Што се случува со Конгресот на САД?


Во што е проблемот за непречено функционирање на владата.

Длабоката политичка поделеност меѓу опозиционата паритија на републиканците и Демократската партија на претседателот Обама, придонесува да биде тешко да се постигне компромис по важни закони во Конгресот, како што е буџетот.

Неуспехот да се постигне договор за буџетот би значело дека Вашингтон нема да има правно овластување да троши пари, принудувајќи поглем дел од владините оддели да престанат со работа.

Како што известува дописникот на Гласот на Америка од Сенатот, Мајкл Бауман, битката во Конгресот се води околу привремената мерка за трошоци што би овозможило непречено функционирање на владата до декември годинава.

Претставничкиот дом и Сенатот одделно се очкува да усвојат едногодишни буџети. Обата дома потоа треба да ги испеглаат разликите и да донесат донесат предлог закон што потоа ќе биде потпишан од претседателот за да стапи во сила.

Но Претставничкиот дом под контрола на републиканците и Сенатот под контрола на демократите не се согласни за тоа како би изгледал буџетот за наредната година. Единствено што можат да сторат за да може владата да работи, е да ја подигнат сегашната граница на задолжување, мерка позната како резолуција за продолжување на финансирање на владата.

Во моментов битката се води околу продолжителната резолуција што ќе овозможи функционирање на владата по 30-ти септември.

Републиканците во Претставничкиот дом сакаат да ја искористат мерката за да го прекинат финансирањето на иницијативата на претседателот Обама за реформа во здравственот систем. А демократите во Сенатот се против.

Значи, доколку една од страните не се откаже од планот или доколку не се постигне компромис, федералната влада од 1-ви октомври, нема да има дозвола да троши пари.
XS
SM
MD
LG