Линкови за пристапност

„Непредвидлива и агресивна“ жена зад инцидентот во близина на Конгресот


Жената е во притвор и исклучена е можноста од терористички напад

Вашингтонската полиција соопшти дека зад инцидентот во близина на зградата на американскиот Конгрес, е жена која изгледала „непредвидливо и агресивно“.

Жената со возило удрила во автомобил на полицијата, се обидела да прегази неколкумина полицајци, по што било била уапсена.

Портпаролката на полицијата во Конгресот, Ева Малеки, ја исклучи можноста дека се работи за терористички акт.

Таа додаде дека полицијата се обидела да го запре возилото, по што сторителката во него се обидела да се врати назад и да избега, по што биле слушнати истрели од огнено оружје.

Според првичните информации, нема повредени, ниту жртви.

Федералното Истражно Биро (ФБИ) најави дека ќе помогне во истрагата и дека нема податоци кој е мотивот.

Законодавците не смееја да ја напуштат конгресната зграда, а по речиси два часа продолжија со редовната работа.

Во текот на денов се очекува прес-конференција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG