Линкови за пристапност

Претставничкиот дом предвиде санкции против турски официјални лица за нападот во Сирија


Турското министерство за надворешни работи ја отфрли легислативата, велејќи дека е против начелата на НАТО Алијансата

Турција ја отфрли легислативата на Претставничкиот дом на САД, со која се предвидуваат санкции против турски официјални лица поврзани со нападот на Турција во северниот дел на Сирија, како и резолуција со која се признава геноцидот врз Ерменците од страна на Османлиите.

Турското министерство за надворешни работи рече дека го повикал американскиот амбасадор Дејвид Сатерфилд, откако Претставничкиот дом вчера ја изгласа двопартиската легислатива.

Легислативата предвидува да се казнат високи турски официјални лица инволвирани во одлуката за нападот на Сирија и за прекршување на човековите парава на Курдите.

Турското министерство за надворешни работи додаде дека потегот е во спротивност со начелата на НАТО Алијансата, и оти американските законодавци на овој начин легитимизираат терористи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG