Линкови за пристапност

Партиските разлики - закана за делумно затворање на Владата на САД


Рокот за донесување мерка за трошоците истекува утре на полноќ

Иако се приближува рокот - петок на полноќ, кога потенцијално може да биде затворена Американската влада, републиканските и демократските законодавци остануваат на своите партиски позиции.

Демократите сакаат независен буџет, за да ја држат Владата отворена, додека републиканците сакаат тоа да се поврзе со безбедноста на американските граници и реформи во системот за легална имиграција.

Републиканците до демократите испратија предлог, во кој не се предвидува заштита на 700.000 недокументирани имигранти, кои во САД биле донесени како деца, но, даваат поддршка за друга мерка, шестгодишно одобрение на Програмата за детско здравствено осигурување, која е приоритет за демократите. Спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан рече:

„Збунувачки е за мене дека демократите ќе бидат подготвени да го блокираат финансирањето на Армијата, поради неповрзани прашања. Мислев дека демократите сметаат дека Програмата за детско здравствено осигурување е двопартиска, и дека детското здравствено осигурување е двопартиски закон. Беше предложена од републиканците и демократите, и годинава ја продолживме два пати. Ќе ја изнесеме пред законодавците неделава, бидејќи роковите истекуваат во петок“.

Шефот на кабинетот на Белата куќа Џон Кели, се состана со конгресната латиноамериканска група, со оглед на тоа што поголемиот број демократи бараат во секој краткорочен план за трошоците, да биде вклучена и заштитата на корисниците на ДАКА.

По состанокот, Кели рече дека Доналд Трамп ја поддржува ДАКА, но не даде други гаранции, повторувајќи го ставот на претседателот дека мерката за трошоците мора да биде двопартиска.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG