Линкови за пристапност

Осомничениот кој пукаше во конгресменот бил критичар на Трамп


66-годишниот Џејмс Хоџкинсон од Белевил, Илиноис, бил редовен критичар на политичарите во Вашингтон, особено на Републиканската партија

Напаѓачот кој пукаше во републиканскиот конгресмен на безбол терен, бил остар критичар на претседателот Доналд Трамп, според информациите кои ги споделувал на социјалните медиуми, и од времето кога бил поранешен волонтер во кампањата на независниот сенатор од Вермонт Берни Сандерс.

66-годишниот Џејмс Хоџкинсон од Белевил, Илиноис повреди четири лица, вклучително и конгресменот Стив Скалис и четворица други, раноутрото во Александрија, Вирџинија, пред да биде фатално застрелан од страна на полицијата, која ги обезбедувала конгресмените

Хоџкинсон, кој имал бизнис за куќна инспекција, имал полициско досие за возење во алкохолизирана состојба и отпор при апсење.

Тој исто така бил редовен критичар на политичарите во Вашингтон, особено на Републиканската партија.

На Фејсбук, Хоџкинсон бил член на групата наречена „Укинете ја Републиканската партија“.

Хоџкинсон редовно објавувал вулгарни пораки против Трамп.

„Трамп е виновен и треба да оди во затвор за предавство“, напишал во една од последните објави на неговата страница, додавајќи дека „Трамп е повеќе Русин отколку Американец“.

Хоџкинсон воедно се чини дека бил активен поддржувач на неуспешната претседателска кампања на Сандерс.

Во соопштението од Сенатот, Сандерс изјавил:

„Хоџкинсон е некој кој доброволно волонтирал во претседателската кампања. Јас сум згрозен од овој акт“, кажал Сандерс, велејќи дека „насилството од каков било вид, е неприфатливо во нашето општество и јас ја осудувам ваквата постапка“.

Во некои од неговите објавени информации, Хоџкинсон бил критички насочен и кон Хилари Клинтон

Не е јасно дали сторителот знаел однапред дека републиканските конгресмени ќе се појават на терен, или пак, тој имал на мета кој било конгресмен.

Неколку соседи за медиумите рекле дека често бил во посета на локалниот огранок на организацијата YMCA, која промовира физичка активност.

На прес-конференција беше кажано дека е премногу рано да се каже дали инцидентот може да се поврзе со терористички напад.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG