Линкови за пристапност

Русија бара САД да повлечат дипломати од Москва


Ваквата мерка е одговор на новиот пакет санкции на Конгресот кон Русија, поради наводното мешање во ланските избори

Руското Министерство за надворешни работи денес најави дека воведува мерки кон САД, како одговор на новиот пакет санкции кон Русија, кој Конгресот го изгласа вчера.

Министерството изјави дека санкциите се потврда за „екстремната агресија на САД во меѓународните прашања“

„Им предложивме на САД да го доведат бројот на дипломатите и на техничките лица во американската амбасада во Москва, како и во конзулатите, во точен сооднос со руските дипломати и техничкиот персонал во САД“, соопшти Министерството.

Русија вели дека со редуцирање на дипломатите и персоналот во американските претставништва, нивниот број изнесува 455.

Американските законодавци вчера одобрија воведување нови санкции не само кон Русија, туку и кон Иран и Северна Кореја.

Тие воведоа дополнителни санкции, поради наводното руско мешање во изборите во САД во 2016-та година.

Рускиот претседател Владимир Путин се спротивстави на новите санкции кон неговата држава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG