Линкови за пристапност

Дали истрагата за наводна вмешаност на Русија во изборите е во застој?


Со тоа што истрагата во Претставничкиот дом за наводното мешање на Русија во изборите во ноември се чини дека е во застој, Комисијата за разузнавање во Сенатот соопшти дека наскоро ќе заврши со евалуација на илјадници документи во обид да ги „одвои фактите од фикцијата“.

Ричард Бур, републиканскиот сенатор и претседавач со Комисијата, изјави дека „е добиена огромна количина на документи„ и дека разгледувањето се очекува да заврши „за неколку недели“.

Бур додаде дека Комисијата е во „постојани преговори“ со разузнавачката заедница за да добие пристап и до дополнителна документација, со цел да се заокружи прашањето.

Тој на прес-конференцијата беше придружуван од демократскиот сенатор Марк Ворнер.

Претходно, портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер, кажа дека не треба да постои загриженост поради тоа што првиот човек на Комисијата за разузнавање, Дејвид Нунс, води одвоена истрага за руското мешање во изборите во ноември.

Не се знаат насоките на оваа двопартиска истрага, особено откако Нунс ги отфрли повиците самиот да не учествува во неа и откако ја прекина работата на Комисијата до крајот на неделава.

Спајсер кажа дека за одредени чекори во истражниот процес, „е потребно малку повеќе време“ и дека Белата куќа „е во ред со тоа“.

Закажаната средба на Нунс со директорот на ФБИ, Џејмс Коми и со директорот на Агенцијата за национална безбедност, адмиралот Мајк Роџерс, беше одложена. Потегот ја продлабочи фрустрацијата кај демократските законодавци, кои рекоа дека неговите активности изминатава недела на одреден начин го довеле во опасност неговиот кредибилитет и способностите да ја води истрагата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG