Линкови за пристапност

Конгресмени со писмо до Столтенберг: Време е Македонија да влезе во НАТО


Во услови на зголемена руска агресија, членството на Македонија во Алијансата е нужно, пишува во документот

Се зголеми подготвеноста на Македонија да стане полноправна членка на НАТО, вели конгресменот Џим Бенкс во писмото, кое вчера, заедно со група конгресмени, го испрати до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Македонија има светла иднина пред неа. Со нетрпение очекуваме да работиме со владините институции и граѓаните на Македонија, за да осигураме дека ќе го искористат максималниот потенцијал. Веруваме дека е време Македонија да стане членка на НАТО“, пишува Бенкс во писмото.

Тој, меѓудругото, истакнува дека заедно со колегите од двете партии во Конгресот, одблизу ја следат политичката и дипломатската ситуација во државата.

„Како што Македонија го продолжува патот кон посилна иднина, гледаме огромни можности да го засилиме сојузништвото со овој клучен балкански сојузник“, рече Бенкс, нагласувајќи дека „особено сме охрабрени од надежта за прогрес на преговорите, под медијаторство на Обединетите нации, како и од желбата на македонскиот и грчкиот лидер да го подобрат нивниот однос.

„Македонија ја покажа посветеноста преку учеството во мисиите во Косово и Авганистан, и преку поддршката во Ирак. Како што НАТО се прилагодува за зголемена безбедносна среднина, поради руската агресија, прифаќањето на Македонија како полноправна членка е нужно“, пишува Бенкс, кој го повика Столтенберг да го направи овој клучен чекор и да ја покани Македонија да стане членка на НАТО, од што бенефит ќе има и Алијансата во борбата против руската агресија.

Бенкс додава дека САД и натаму ја поддржуваат интеграцијата на земјата во евроатлантските институции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG