Претседателот на САД Доналд Трамп, го обвини поранешниот претседател Барак Обама за „нерационално“ давање пари на иранското лидерство, како дел од Нуклеарниот договор од 2015-та година, договорен од тогашната админстрација.
Трамп, на неговиот Твитер профил, напиша дека тие средства „отишле за тероризам, како и во приватни џебови“.
Ваквата изјава на Трамп ја засили политичката поделба околу Иранскиот нуклеарен договор, и пристапот на САД кон Исламската република, како што протестите во Иран продолжуваат веќе шести ден. Во нив досега загина најмалку 21 лице.
Трамп го потенцираше одговорот на Обама во врска со Зелената револуција во јуни 2009-та година, кога тогаш изјави „Иранците сами да донесат одлуки кои треба да бидат лидерите на државата“.
Договорот сега е доведен во прашање, откако Трамп одби да го потврди во средината на октомври минатата година, велејќи дека „во ситуација кога не може да се постигне работно решение со Конгресот и нашите сојузници, договорот треба да биде прекинат“.
Рокот од 60 дена за Конгресот да го адресира одбивањето на Трамп да го потврди Договорот, почнува на 11-ти јануари.
Но, апетитот да се укине овој договор е слаб, дури и меѓу републиканците.
Конгресот треба да донесе легислатива, којашто треба да ги пресретне и ставот на Трамп да го укине Договорот, и можните последици кон САД од повлекување од него.
Актуелните протести многу веројатно ќе ја забрзаат ваквата можност.
„Демонстрациите, пак, можат да го зголемат мотивот кај сите страни да најдат заедничко легислативно решение“, изјави за Гласот на Америка, Марк Дубовиц од Фондацијата за одбрана на демократите.
Републиканскиот сенатор Линдзи Грем, во изјава за Си-Би-Ес, кажа:
„Ако бев Трамп, ќе постапев спротивно на Обама“, рече Грем, кој вчера на неговиот Твитер профил ги повика Трамп и тие кои ја поддржуваат слободата, „да зборуваат гласно во поддршка на иранскиот народ, и во казнување на нивните диктатори со најстроги казни“.
Демократските законодавци се релативно тивки во коментарите за пристапот на администрацијата на Трамп кон протестите.
Facebook Forum